Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор (испитна сесија јуни/јули 2022)
19-04-2022
Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година и ‘Службен весник на РСМ‘ број 122/2021)
ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РСМ (ИОРРСМ) објавува
Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор
Институтот на овластени ревизори на РСМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 20 јуни до 01 јули 2022 година ќе се полагаат следните испити:
НИВО 1:
- Ревизија 1
- Финансиско сметководство
- Законска регулатива
- Управувачко сметководство
|
НИВО 2:
- Управување со финансии
- Ревизија 2
- Финансиско известување
- Корпоративно управување и етика
|
Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:
Документите треба да се поднесат најдоцна на 03 мај 2022 година, на адреса ИОРРСМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор, како и кандидатите кои се постапка на полагање на испитот, треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија јуни/јули 2022 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 20 мај 2022 година.
Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599 и на веб страната на ИОРРСМ www.iorrm.org.mk.