Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2022 година

27-04-2022

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2022 година.

Во зависнот од околностите наметнати со пандемијата на COVID – 19, во 2022 година предвидено е предавањата да бидат он-лајн и комбинирани предавања согласно протоколите и мерките на Владата. Годишната програма за КПУ за 2022 година е објавена на веб страната на ИОРРСМ во делот КПУсовршување.

Ве молиме доколку сте заинтересираниза одржување на предавање за одредени теми од Годишната програма за КПУ за 2022 година, најдоцна до 16 мај 2022 година, да доставите предлог со куса програма, времетраење на предавањето, и дали сте заинтересирани за он-лајн или предавање со физичко присуство, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk. Датумите за одржување на предавањата ќе бидат дополнително утврдени во договор со предавачите.

Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.

Со почит,

Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ