Покана за КПУ настани – 16 јуни и 17 јуни 2022 година

30-05-2022

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира он-лајн настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година. Настаните ќе се одржат на 16 јуни и 17 јуни 2022 година  од 10 до 14 часот за кои што ќе се признаваат по  4 КПУ часа за 2022 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настаните е по 1.000,00 денари за секој ден посебно за едно лице.

            Програма за 16 јуни 2022 година

            Програма за 17 јуни 2022 година

Настаните ќе се одржат преку платформата Zoom. Ве повикуваме своето учество на настаните да го пријавите најдоцна на 13 јуни 2022 година, а уплатата да се направи најдоцна до 15 јуни 2022 година.

Пријавувањето за учество на настаните се врши преку пристапување на следниот линк:

Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатсво и линк за следење на настанот.

 

Со почит,

Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ