Покана за КПУ настан – 24 јуни 2022 година

30-05-2022

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година. Настанoт ќе се одржи на 24 јуни 2022 година, петок,  од 10 до 14 часот за кој што ќе се признаваат 4 КПУ часа за 2022 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот е 1.000,00 денари за едно лице.

Програма за 24 јуни 2022 година

Настанот ќе се одржи преку платформата Zoom. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 21 јуни 2022 година, а уплатата да се направи најдоцна до 23 јуни 2022 година.

Пријавувањето за учество на настаните се врши преку пристапување на следниот линк:

Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство и линк за следење на настанот.

 

Со почит,

Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ