Повик за пријавување на интерес за назначување на еден претставник на ИОРРСМ, за член на СУНРРСМ

06-06-2022

Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува оглас за пријавување на интерес за назначување на еден претставник на ИОРРСМ, за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ (СУНРРСМ).  Изборот на нов член на СУНРРСМ се врши заради истекување на мандатот на претходните членови.

Критериумуите кои што треба да бидат исполнети согласно член 10 став (1) и став (2) од Законот за ревизија се следните:

(1) За претседател и член на Советот може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:

1.   Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2.   Да има завршено високо образование од областа на економијата или правото,

3.   Да не е вработен во ИОРРСМ и да не е член на ниедно извршно тело на истиот,

4.   Да има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото, ревизијата или финансиите,

5.   Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

1) ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;

2) ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода;

3) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво;

4) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен;

5) БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода; или

6) АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

6.   Да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните финансии, платниот промет, стопанството и службената должност; и

7.   Да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.

(2) За претседател и член на Советот не може да се именува лице:

1.   Кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа и

2.   Кое е носител на функција во органите на политичка партија и/или член на орган на надзор, орган на управување или било кој друг орган на правен субјект кој подлежи на законска ревизија.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна на 01 август 2022 година, да достават Писмо за интерес, релевантен доказ за исполнување на критериумите од точките 1-7 од став (1) (со исклучок на точка 3 која ИОРРСМ ја поседува како сопствена евиденција), и изјава за исполнување на критериумите од точките 1-2 од став (2).

Документите се доставуваат на адреса ИОРРСМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје, во оригинал или како копија заверена на нотар. За дополнителни прашања може да се обратите на 3227 – 599 или на е-пошта gensec@iorrm.org.mk.

 

Драган Димитров

Претседател на ИОРРСМ