Покана за следење на претходно спроведени КПУ настани за 2022 - од 07 до 30.09.2022 (КПУ настани)
07-09-2022
Почитувани,
Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРСМ, може електронски да ги проследите предавањата кои што ИОРРСМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2022 година на 16, 17 и 24 јуни 2022 година. Членовите на ИОРРСМ може да се пријават за следење на овие настани, само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на он-лајн настаните, односно следните:
- КПУ настан што се одржа на 16 јуни 2022 година - АЗЛП (се состои од 1 видео снимка) - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари. (Програма)
- КПУ настан што се одржа на 17 јуни 2022 година – Благица Шорева (се состои од 1 видео снимка) - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари. (Програма)
- КПУ настан што се одржа на 24 јуни 2022 година – Жарко Матејиќ (се состои од 1 видео снимка) - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари. (Програма).
Снимките од предавањата ќе може да ги проследите во периодот од 07 до 30 септември 2022 година. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување.
Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 28 септември 2022 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .
Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во следното Упатство (преземи).
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.
Напомена. За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.
КПУ часови за 2022 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2022 година (заклучно со 31 август 2022 година) може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување.
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ