Покана за КПУ настан - 04 октомври 2022 година (4 КПУ часа)

26-09-2022

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година. Настанoт ќе се одржи на 04 октомври 2022 година, вторник,  од 17 до 21 часот за кој што ќе се признаваат 4 КПУ часа за 2022 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот е 1.000,00 денари за едно лице. Следните КПУ настани ќе се одржат како комбинирани настани, со физичко и он-лајн присуство. Дополнително ќе бидат доставени подетални информации.

Во прилог е дадена Програма за он-лајн настанот што ќе се одржи преку платформата Zoom. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 30 септември 2022 година, а уплатата да се направи најдоцна до 03 октомври 2022 година.

Пријавувањето за учество на настаните се врши преку пристапување на следниот линк:

Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство и линк за следење на настанот.