Покана за он-лајн КПУ настан – 05 јули 2023 година (4 КПУ часа)

13-06-2023

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2023 година. Настанoт ќе се одржи на05 јули 2023 година, среда, од 17 до 21 часот за кој што ќе се признаваат 4 КПУ часа за 2023 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот е 1.500,00 денари за едно лице (Тарифникот за висината на членарината и надоместоците што ги наплатува ИОРРСМ(пречистен текст)  е даден на следниот Линк).

Програма за он-лајн КПУ настан- 05 јули 2023 година (среда), од 17 до 21 часот, 4 КПУ часа, што ќе се одржи преку платформата Webex. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 30 јуни 2023 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:

НАПОМЕНА:Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство и линк за следење на настанот.

 
Со почит,
Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ