Почитувани,
Ве известуваме дека 29-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 19 октомври 2021 година во 14.00 часот, како видео конференција со електронско гласање. Присуството на седницата ќе се признава како 4 (четири) часа КПУ за 2021 година.
Предлог дневен ред за седницата:
Предлог за дополнување на дневниот ред доставен од Борислав Атанасовски
1. Избор на членови на Работна група за верификација на изборот на членови на комисиите, Надзорниот одбор, Управниот одбор и Претседател на ИОРРМ.
Предлог на Управниот одбор за членови на Работната група: Татјана Тодоровска, Бранка Стојановска, Марјонка Николовска и Мартина Бошеска, вработени во ИОРРМ.
2. Усвојување на Записникот од 28-та седница на Собранието на ИОРРМ.
3. Усвојување на Одлука за потврдување на Одлука за продолжување на мандатот на членовите на комисии на ИОРРМ, донесена од Управниот одбор на ИОРРМ.
4. Усвојување на Одлука за измена и дополнување на Статутот на ИОРРМ.
5. Избор на членови на комисиите, Надзорниот одбор, Управниот одбор и Претседател на ИОРРМ.
- Предлози за членови на органите и комисиите на ИОРРМ поддржани од 5 члена на ИОРРМ
- Сузана Ставриќ, за член на Управен одбор (преземи)
- Јане Иванов, за член на Управен одбор (преземи)
- Љубица Јоанидис, за член на Управен одбор (преземи)
- Ивана Богдановска, за член на Надзорен одбор (преземи)
- Сашка Бошковска Богдановска, за член на Комисијата за образование, обука и публикации (преземи)
- Даниела Козарева Јованов, за член на Комисијата за спроведување на испитот за овластен ревизор (преземи)
- Ненад Ранѓеловиќ, за член на Комисијата за контрола на квалитет на ревизорски услуги(преземи)
- Елена Трпковска Василевска, за член на Дисциплинската комисија (преземи)
- Гласачки ливчиња за избор на членови на органите и комисиите на ИОРРМ.
Пет члена на Управен одбор (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Огњен Блажевски (Кратка биографија)
- Антонио Велјанов (Кратка биографија)
- Драган Давитков (Кратка биографија)
- Јане Иванов (Кратка биографија)
- Љубица Јоанидис (Кратка биографија)
- Срѓан Ранѓеловиќ (Кратка биографија)
- Сузана Ставриќ (Кратка биографија)
Три члена на Надзорен одбор (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови
- Ивана Богдановска (Кратка биографија)
- Симе Јовановски (Кратка биографија)
- Јорданчо Којзаклиев (Кратка биографија)
- Кристина Тилиќ (Кратка биографија)
Tри члена на Комисија за стандарди за ревизија (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Милена Јованова – Димоска (Кратка биографија)
- Билјана Митревска (Кратка биографија)
- Ненад Тортевски (Кратка биографија)
Еден член на Комисија за сметководствени стандарди (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Ангелина Гогушевска (Кратка биографија)
- Мико Кацарски (Кратка биографија)
Три члена на Комисија за образование, обука и публикации (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Марија Божиновски (Кратка биографија)
- Сашка Бошковска Богдановска (Кратка биографија)
- Жарко Михајловски (Кратка биографија)
Два члена на Комисијата за спроведување на испитот за овластен ревизор (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Даниела Козарева Јованов (Кратка биографија)
- Проф. Д-р. Зоран Миновски (Кратка биографија)
- Ирена Стојковска (Кратка биографија)
Три члена на Комисија за регистрација на ревизори и овластени ревизори (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Сузана Бошевска Јанкова (Кратка биографија)
- Николина Неновска (Кратка биографија)
- Елена Петровска Лазаревски (Кратка биографија)
Два члена на Комисија за контрола на квалитет на ревизорски услуги (1 член од ДР и 1 да не е од ДР) (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Ненад Ранѓеловиќ (Кратка биографија)
- Гоце Христов (Кратка биографија)
Пет члена на Дисциплинска комисија (заради истечен мандат).
Предложени кандидати за членови:
- Костадинка Китановска (Кратка биографија)
- Звонко Кочовски (Кратка биографија)
- Радмила Миловановиќ (Кратка биографија)
- Биљана Поповска (Кратка биографија)
- Елена Трпковска Василевска (Кратка биографија)
Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна на 12 октомври 2021 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.
По однос на точка 1 од предлог дневниот ред, предлогот на Управниот одбор за членови на Работната група за верификација на изборот на членови на комисиите, Надзорниот одбор, Управниот одбор и Претседател на ИОРРМ ќе биде достапен на веб страната на ИОРРМ, како материјал за точка 1 од дневниот ред.
По однос на точка 5 од предлог дневниот ред, предлозите за избор на нови членови на комисиите, Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател на ИОРРМ, поддржани од 5 членови (овластени ревизори) на ИОРРМ, и со приложена кратка биографија на предложеното лице, се доставуваат до генералниот секретар на ИОРРМ, на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна на најдоцна на 12 октомври 2021 година. Предлози што ќе пристигнат по истекот на наведениот рок, како и предлози за лица на кои им е изречена дисциплинска мерка од страна на ИОРРМ или СУНРРСМ, нема да бидат земени предвид. Списоците на членови на кои им истекува мандатот ќе бидат достапни на веб страната на ИОРРМ како материјал за точка 5 од предлог дневниот ред, како и списоци на лицата предложени за членови на комисиите, Надзорен одбор и Управен одбор на ИОРРМ заедно со нивна кратка биографија.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Ве молиме, најдоцна на 12 октомври 2021 година, задолжително да го потврдите присуството на 29-та седницата на Собранието на следниот линк https://forms.gle/6ThfDABy6x72nwF19 . Во пријавата за присуство на линкот, Ве молиме внимателно да ја внесете адресата за е-пошта бидејќи на таа адреса ќе ви пристигне ливчето за тајно гласање за изборите, како и сите известувања во врска со организацијата на сендицата. Врз основа на бројот на членови кои ќе потврдат присуство на седницата, ќе бидеме во можност да ги извршиме сите подготвителни активности за спроведување на седницата.
Сите членови на ИОРРМ кои навремено ќе потврдат присуство на седницата, ќе добијат Упатство за начинот на спроведување на седницата и гласањето, и ќе можат тајно да гласаат за избор на членови на комисиите, Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател на ИОРРМ со тоа што ќе добијат гласачки ливчиња на нивната адреса за е-пошта. Во спротивно, доколку членовите се вклучат на седницата, без претходна навремена пријава, не ќе можат да гласаат за избор на членови на комисиите, Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател на ИОРРМ.
Со почит,
Драган Димитров
Претседател на ИОРРМ