ОГЛАСИ

 

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)
ОБЈАВУВА

Повик за пријавување на правни или физички лица кои ќе извршат превод на Меѓународниот кодекс за етика на професионалните сметководители објавен од IFAC

 

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) објавува оглас за пријавување на правни лица или тим на физички лица кои ќе извршат превод на Прирачникот за Меѓународниот кодекс за етика на професионалните сметководители објавен од IFAC, од англиски на македонски јазик.

Ангажираните лица кои ќе го сочинуваат тимот за вршење превод и стручно читање/рецензија треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Завршено високо образование.
  2. Претходно релевантно професионално искуство во стручен превод од областа на ревизија и сметководство.
  3. Лицето кое ќе врши стручно читање/рецензија треба да поседува лиценца за овластен ревизор или уверение за ревизор.
  4. Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Делокругот на ажурирањето/преводот се однесува на следното:

-    Материјалите кои што треба да се преведат од англиски на македонски јазик се однесуваат на превод на Прирачникот за Меѓународниот кодекс за етика на професионалните сметководители – издание 2020 година. Преводот треба да соодветствува со англиската верзија на Handbook of the International Code of Ethics for Professional Accountants (including International Independence Standards) – 2020 Edition, издаден на англиски јазик од страна на IFAC, во декември 2020 година.

Потребно е да се изврши превод, стручно читање, лектура и техничко средување на севкупниот материјал.

Критериуми врз основа на кои што ќе се врши изборот на најповолен понудувач се следните:

  • квалитет оценет врз основа на доставените докази за исполнување на условите од точка 1 до 4 погоре (60%), и
  • понудена цена (40%).

Сите релевантни материјали ќе бидат обезбедени од страна на ИОРРМ. Пред доставување на понуда пожелно е да се изврши увид во материјалите за превод (начинот на вршење на увид ќе биде дополнително прецизиран по договор меѓу заинтересираниот понудувач и ИОРРМ).

Сите заинтересирани правни лица или тим на физички лица, треба најдоцна до 16.06.2021 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија/истoријат на правното лице и референтна листа  и препораки за релевантно искуство, куса биографија на лицата кои ќе извршат превод и лицата кои ќе извршат рецензија (стручно читање) и лекторирање (од овластен лектор), како и на назначениот координатор на ангажманот. Во Писмото за интерес треба да се наведе рокот за завршување на преводот (кој што не треба да биде подолг од 90 дена од датумот на потпишување на договорот) и финансиска понуда за ангажманот.

Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје. Повеќе информации може да добиете на тел. (02) 3227 599 или е-пошта gensec@iorrm.org.mk .

 

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РСМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година)

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ) објавува

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

                Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 21 јуни до 02 јули 2021 година година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1:

  1. Ревизија1                                                 
  2. Финансиско сметководство             
  3. Законска регулатива
  4. Управувачко сметководство

НИВО 2:

  1. Управување со финансии 
  2. Ревизија 2                                 
  3. Финансиско известување
  4. Корпоративно управување и етика

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

  • Барање за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор, кое што е објавено на веб страната на ИОРРМ во делот Испити, а е пропишано од СУНРРСМ.
  • Пропратните документи наведени во Барањето за полагање на испитот за стекнување звање ревизор (во оригинал или копија заверена на нотар).

Документите треба да се поднесат најдоцна на 26 април 2021 година, на адреса ИОРРМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор, како и кандидатите кои се во постапка на полагање на испитот, треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија јуни/јули 2021 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 19 мај 2021 година.

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599, contact@iorrm.org.mk и на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk.

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ВРАБОТУВА

 

Овластен сметководител со лиценца

Работно време: 40 часа неделно (08:00-16:00)

Времетраење на договорот за вработување: 12 месеци

Почеток: 1.2.2021 година

Потребни квалификации:

  • Лиценца за овластен сметководител
  • Најмалку 10 години работно искуство во областа
  • Способност за работа во тим
  • Способност за прилагодување кон брза и динамична работна средина
  • Познавање од работа со компјутер
  • Познавање на англиски јазик

Опис на работни обврски:

Комплетно обавување на сметководствени работи:

  • Книжење и изготвување налози
  •  Комплетно затворање на завршна сметка
  •  Изготвување финансиски извештаи
  • -Изготвување консолидирана пресметка

Испратете кратка биографија и писмо за мотивација на info@uacs.edu.mk, најдоцна до 15.1.2021 година.

Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РСМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година)

 

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

објавува

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

 

                Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 14.12 до 25.12.2020 година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1:

  1. Ревизија 1
  2. Финансиско сметководство
  3. Законска регулатива
  4. Управувачко сметководство

НИВО 2:

  1. Управување со финансии 
  2. Ревизија 2
  3. Финансиско известување
  4. Корпоративно управување и етика

 

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

  • Барање за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор, кое што е објавено на веб страната на ИОРРМ во делот Испити, а е пропишано од СУНРРСМ.
  • Пропратните документи наведени во Барањето за полагање на испитот за стекнување звање ревизор (во оригинал или копија заверена на нотар).

Документите треба да се поднесат најдоцна на 06 ноември 2020 година, на адреса ИОРРМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор, како и кандидатите кои се постапка на полагање на испитот, треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија декември 2020 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 23 ноември 2020 година.

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599 и на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk.

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) објавува оглас за пријавување на интерес за назначување на член на ИОРРМ, за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ (СУНРРСМ).  Изборот на нов член на СУНРРСМ се врши заради оставка на досегашниот член проф д-р. Зорица Божиновска Лазаревска. Согласно член 9 став (7) од Законот за ревизија, мандатот на новиот член е со траење до истекот на мандатот на членот на кој му престанува вршењето на должноста, односно до април 2022 година. 

Критериумуите кои треба да бидат исполнети согласно член 10 став (1) и став (2) од Законот за ревизија се следните:

(1) За претседател и член на Советот може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:

1. Да е државјанин на Република Македонија,

2. Да има завршено високо образование од областа на економијата или правото,

3. Да не е вработен во Институтот за овластени ревизори на Република Македонија и да не е член на ниедно извршно тело на истиот,

4. Да има најмалку пет години работно искуство во областа на сметководството, правото, ревизијата или финансиите,

5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

1) ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;

2) ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода;

3) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво;

4) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен;

5) БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода; или

6) АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

6. Да не е правосилно осудуван за кривично дело против јавните финансии, платниот промет, стопанството и службената должност; и

7. Да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.

(2) За претседател и член на Советот не може да се именува лице:

1. Кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа и

2. Кое е носител на функција во органите на политичка партија и/или член на орган на надзор, орган на управување или било кој друг орган на правен субјект кој подлежи на законска ревизија.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 12 октомври 2020 година, да достават Писмо за интерес, релевантен доказ за исполнување на критериумите од  точките 1-7 од став (1) (со исклучок на точка 3 која ИОРРМ ја поседува како сопствена евиденција), и изјава за исполнување на критериумите од  точките 1-2 од став (2). 

Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје, во оригинал или како копија заверена на нотар. За дополнителни прашања може да се обратите на 3227 – 599 или на gensec@iorrm.org.mk. 

 

Драган Димитров 

Претседател на ИОРРМ

Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година)

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

објавува

Повик за пријавување на кандидати за

полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

 

                Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 28.09 до 09.10.2020 година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1:

  1. Ревизија 1                                                 
  2. Финансиско сметководство             
  3. Законска регулатива
  4. Управувачко сметководство

НИВО 2:

  1. Управување со финансии 
  2. Ревизија 2                                 
  3. Финансиско известување
  4. Корпоративно управување и етика

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

Документите треба да се поднесат најдоцна на 18 август 2020 година, на адреса ИОРРМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија септември/октомври 2020 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 09 септември 2020 година.

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599 и на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk.

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува
Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор, за испитната сесија септември/октомври 2020 година.

  1. Координаторот ќе ги извршува следните активности:
  • Организирање и координирање на изборот на прашања за испитот.
  • Организирање и координирање на оценувањето за испитот.
  • Соработка со Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  • Изготвување на извештај за спроведениот испит кој се доставува до Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

Координаторот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои имаат искуство од областа на спроведување на професионални или академски испити, и оние кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

2.   Оценувачите се очекува да оценуваат испитни тетратки за следните делови на испитот за стекнување звање овластен ревизор:

 

-      Управувачко сметководство

-      Финансиско сметководство

-      Законска регулатива

-      Ревизија 1

 

 

-      Ревизија 2

-      Финансиско известување

-      Управување со финансии

-      Корпоративно управување и етика

 

Оценувачите треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 14 август 2020 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Project HOPE е Американска фондација со канцеларии во повеќе од 15 земји во светот и во моментов имаме потреба од внатрешен ревизор за целата организација. На линкот https://projecthope.csod.com/ux/ats/careersite/2/home/requisition/607?c=projecthope можете да го најдете огласот за позицијата.

Објавува

Повик за пријавување на интерес за координатор за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор - Обновен
Институтот на овластени ревизори на Република Македонија објавува оглас за пријавување на интерес за координатор за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор, за испитната сесија декември 2019 година.

1. Координаторот ќе ги извршува следните активности:

  • Организирање и координирање на изборот на прашања за испитот.
  • Организирање и координирање на оценувањето за испитот.
  • Соработка со Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  • Изготвување на извештај за спроведениот испит кој се доставува до Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

Координаторот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои имаат искуство од областа на спроведување на професионални или академски испити, и оние кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 01 ноември 2019 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година)


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 16 до 27 декември 2019 година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1: НИВО 2:
1. Ревизија 1 5. Управување со финансии
2. Финансиско сметководство 6. Ревизија 2
3. Законска регулатива 7. Финансиско известување
4. Управувачко сметководство 8. Корпоративно управување и етика

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

Документите треба да се поднесат најдоцна на 18 октомври 2019 година, на адреса ИОРРМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија декември 2019 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за уплата на надоместокот за полагање на испит е до 13 ноември 2019 година..

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599 и на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk.


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува

Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор, за испитната сесија декември 2019 година.

1. Координаторот ќе ги извршува следните активности:

  • Организирање и координирање на изборот на прашања за испитот.
  • Организирање и координирање на оценувањето за испитот.
  • Соработка со Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  • Изготвување на извештај за спроведениот испит кој се доставува до Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

Координаторот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои имаат искуство од областа на спроведување на професионални или академски испити, и оние кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

2. Оценувачите се очекува да оценуваат испитни тетратки за следните делови на испитот за стекнување звање ревизор:

- Управувачко сметководство - Ревизија 2
- Финансиско сметководство - Финансиско известување
- Законска регулатива - Управување со финансии
- Ревизија 1 - Корпоративно управување и етика

Оценувачите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 14 октомври 2019 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)ОБЈАВУВА

Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) објавува оглас за пријавување на интерес за подготвувачи на испитни прашања за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
Подготвувачи на испитни прашања се очекува да подготват испитни прашања за следните делови на испитот за стекнување звање овластен ревизор:

  • Законска регулатива
  • Управување со финансии
  • Корпоративно управување и етика

Од кандидатите за подготвувачи на испитни прашања треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 20 март 2019 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ


Врз основа на член 27-в од Законот за ревизија (“Службен весник на Република Македонија” бр.158/10, 135/11, 188/13, 43/14, 138/14,145/2015, 192/2015 и 23/2016) и согласно член 6 и 7 од Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување звање ревизор, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија објавува


ПОКАНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЕДУКАТОРИ (ОБНОВЕНО)

За спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) ги поканува сите заинтересирани лица кои имаат универзитетско образование и работно искуство од десет години од област за која имаат интерес да држат обука и да подготвуваат прашања и/или задачи, или се признати стручњаци од земјата и странство од праксата во соодветната област да достават Писмо за интерес за Едукатор за обука за предметите од наставната програма за полагање на испитот за стекнување звање ревизор.
Обуката ќе се држи по следните предмети/области:

1) Прв дел (теоретски дел), со кој што се проверува теоретското знаење на кандидатите,
1) Ниво 1:
а) Финансиско сметководство,
б) Ревизија 1,
в) Управувачко сметководство,
г) Законска регулатива во Република Македонија (даночен систем, деловно право, трговски друштва, хартии од вредност, ревизија и облигациони односи)
2) Ниво 2:
а) Финансиско известување,
б) Ревизија 2,
в) Корпоративно управување и етика и
г) Управување со финансии.
2) Втор дел (практичен пример), со кој што се проверува способноста за примена на законите во практиката:
а) Финансиско сметководство,
б) Ревизија 1,
в) Финансиско известување,
г) Ревизија 2.

Структурата на стручниот испит е уредена во член 8, 17 и 18 од Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување звање ревизор, објавен на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk .

Правата, обврските и одговорностите на едукаторите се уредени со Законот за ревизија и Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување звање ревизор.

Со Писмото за интерес заинтересираните лица треба да ги доставaт следните документи: куса биографија, доказ за завршено високо образование од областа на економските, правните науки или друго соодветно образование и доказ за работно искуство од десет години од област за која имаат интерес да држат обука. Пожелно e заинтересираните лица да поседуваат лиценца за овластен ревизор.

Доколку лицето е заинтересирано за повеќе области, за секоја област треба да достави посебно писмо за интерес.

Писмото за интерес заедно со потребните документи се доставуваат во архивата на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје најдоцна на 08 мај 2017 година. Документите се доставуваат во оригинал или како копија заверена на нотар.

За сите дополнителни информации може да се обратите на телефон: (02) 3227 599 или на е-пошта: gensec@iorrm.org.mk .

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ