КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) ќе спроведе годишно електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2025 година. Настанот за КПУ е во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2025 година.

Предавањето ќе биде отворено во период од 12 до 26 декември 2025 година во делот онлајн предавања и се состои од 3 видеа, а се вклучени следните теми:

1.      МСУК 1 и МСУК 2 - Благица Шорева, овластен ревизор;

2.      МСАП 2400, МСАП 2410, МСАУ 3000 и МСАУ 4400 - Александра Кузмановска, овластен ревизор и

3.      Резултати од извршените контроли во циклусот на контроли на квалитет 2023/2024 година и 2024/2025 година - Игор Митевски и Ненад Ранѓеловиќ, овластени ревизори, членови на Комисија за контрола на квалитет.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 22 декември 2025 година, со пријавување на следниов линк – Пријава. Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое се признаваат 8 часа КПУ за 2025 година, изнесува 8.000,00 денари по лице.

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599  и 072/ 268-068 или на martina.galovska@iorrm.org.mk.

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРСМ во делот Он-лајн предавања, може електронски да ги проследите предавањата кои што ИОРРСМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2025 година, а кои што ќе се признаваат  како КПУ часови за 2025 година.

Членовите на ИОРРСМ може да се пријават за следење на овие настани, само доколку не  биле во можност да ги проследат во текот на 2025 година, односно следните настани:

  • КПУ настан што се одржа на 17 јуни 2025 година –8  КПУ часа, надоместок 3.000 денари.

Промени во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC 1 дел,(се состои од 2 видео снимки). Програма

  • КПУ настан што се одржа на 18 јуни 2025 година - 8 КПУ часа, надоместок 3.000 денари

Промени во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC 2 дел,(се состои од 2 видео снимки) Програма

  • КПУ настан што се одржа на 7 октомври 2025 година –  6 КПУ часа, надоместок 3.000 денари

Измама и форензика во пракса, (се состои од 1 видео снимка). Програма

  • КПУ настан што се одржа на 6 ноември 2025 година – 7 часа КПУ, надоместок 3.000 денари.

-          Улогата и надлежностите на УФР во системот за СПП/ФТ, како и состојбата и ранливоста на секторот ревизија и, Резултати од извршените контроли во циклусот на контроли на квалитет 2023/2024 година и 2024/2025 година, (се состои од 2 видео снимки) Програма

  • КПУ настан што се одржа на 26 ноември 2025 година – 8 КПУ часа, надоместок 3.000 денари

Имплементација на МСФИ 17 и практични примери(се состои од 4 видео снимки). Програма

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите во периодот од 9 до 26 декември 2025 година. Сите материјали за настаните се поставени на веб страна во делот за членови  во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за следење на претходно спроведени КПУ  настани  е 22 декември 2025 година, со пријавување на следниов линк – Пријава.

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство, треба да испратите Барање за следење на настанот/настаните преку пристапување во делот On-line предавања на веб страната на ИОРРСМ, а следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 и 072/ 268-068 или на martina.galovska@iorrm.org.mk .

Напомена. За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 16 декември 2025 година (вторник), со физичко присуство во Едукативен центар М6, Скопје.

Програма за настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ. Настанот се спроведува во соработка со Жарко Матејиќ, CISA, CRISC и Друштво за ревизија Форвис Мазарс Ревизија ДОО Скопје.

КПУ настан – 16 декември 2025 година (вторник), од 09.00 до 17.00 часот, 8 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 3.000,00 денари.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 12 декември 2025 година (петок), преку пристапување на следниот линк:

Пријава за учество на 16 декември 2025 година.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства.

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 26 ноември 2025 година (среда), со физичко присуство во Рагуза 360°, Скопје.

Програмата за настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови.

КПУ настан – 26 ноември 2025 година (среда), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 24 ноември 2025 година (понеделник), преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства. 

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година (четврток), со физичко присуство во Рагуза 360°, Скопје.

Програмата за настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 7 (седум) КПУ часови. Дополнително, за сите овластени ревизори кои ќе присуствуваат на седницата на собранието ќе се признава 1 (еден) КПУ час.

КПУ настан – 6 ноември 2025 година (четврток), од 09 до 17 часот, 7 КПУ часа + 1 КПУ час за собрание. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 03 ноември 2025 година (понеделник), преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства. 

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 05 ноември 2025 година (среда) како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6 и он-лајн присуство преку стриминг.

Флаер за КПУ настанот За учество на настанот ќе се признаваат 4 (четири) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.

КПУ настан – 05 ноември 2025 година (среда), од 10 до 14 часот, 4 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 1.500,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 31 октомври 2025 година, преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства. 

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) и Здружение на внатрешни ревизори на РСМ (ЗВРСМ) организираат заеднички настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори и внатрешни ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 07 октомври 2025 година (вторник) како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6 и он-лајн присуство преку стриминг.

Флаер за КПУ настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 6 (шест) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ и за внатрешните ревизори – членови на ЗВРСМ.

КПУ настан – 07 октомври 2025 година (вторник), од 09 до 15 часот, 6 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 3.000,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 03 октомври 2025 година, преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства. Предавањето ќе се одржи на српски јазик, затоа ве молиме во пријавата да се изјасните дали ви е потребен превод на македонски јазик.

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настаните ќе се одржат на 17 и 18 јуни 2025 година (вторник и среда), со физичко присуство во Рагуза 360°, Скопје.

За учество на настаните ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови по ден, односно 16 (шеснаест) КПУ часови за двата дена за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.

Целта на овие предавања е осврт на промените во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC, од објавените во 2010 година (издание 2009) и објавени во Службен весник на РСМ бр. 273/24 (издание 2022). Предавачи на настанот се: Александра Кузмановска, директор во одделот за ревизија, Друштво за ревизорски услуги Прајсвотерхаускуперс Ревизија ДОО Скопје и Благица Шорева, постар менаџер во одделот за ревизија, Друштво за ревизија КПМГ Ревизија ДОО Скопје.

КПУ настан – 17 и 18 јуни 2025 година (вторник и среда), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа по ден. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари по ден за едно лице, односно 6.000,00 денари за двата дена за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 13 јуни 2025 година (петок), преку пристапување на следниот линк.

Пријава за учество на 17 и 18 јуни 2025

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства. 

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) и Здружение на внатрешни ревизори на РСМ (ЗВРСМ) организираат заеднички настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори и внатрешни ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 25 април 2025 година (петок), со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6.

Флаер за КПУ настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 6 (шест) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ и за внатрешните ревизори – членови на ЗВРСМ.

КПУ настан – 25 април 2025 година (петок), од 09 до 15.30 часот, 6 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 3.000,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 23 април 2025 година, преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства. 

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ), Здружението на внатрешни ревизори на РСМ (IIA Macedonia) и Албанискиот Институт на внатерешни ревизори (IIA Albania) организираат заедничка регионална конференција за ревизија со наслов –The Power of Cooperation, што ќе се одржи на 20 мај 2025 година, во хотел Рогнер, Тирана, Албанија. Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, односно со физичко и он-лајн присуство. За присуство на конференцијата ќе се признаваат 8 КПУ часа за овластените ревизори и внатрешните ревизори.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк https://auditconferencetirana.aiam.org.mk/ и на нашата веб страница https://iorrm.org.mk/kpu. Информациите на веб страницата на ИОРРСМ ќе бидат редовно ажурирани за повеќе информации.

Надоместокот за учество е 7.500,00 денари по учесник.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 12 мај 2025 година. Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:

·              Пријава за 20 мај 2025 година 

НАПОМЕНА: Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добивате натамошни информации во врска со организацијата на конференцијата.

Информации за сместување:

За сместување во Тирана, за Ваша информација, начелно ги посочуваме следните хотели кои што се во близина на хотел Рогнер каде што ќе се одржи конференцијата.

 
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ