КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Почитувани,
На друштвата за ревизија /овластени ревизори – трговци поединци кои што се предмет на контрола на квалитет, им се обрнува внимание дека согласно член 20-а став (6), секој субјект на контрола е должен во рок од три дена од истекот на рокот утврден во извештајот од контролата, до Институтот и до Советот да достави извештај за реализација на препораките и отстранување на идентификувани недостатоци, неправилности и незаконитости.

Проектот “Контрола на квалитетот на овластените ревизори” во рамките на Проектот РЕПАРИС, започна во април 2009 година, и го спроведува францускиот конзорциум составен од Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes (Институт на овластени ревизори) и Ordre Des Experts Comptables (Институт на овластени сметководители).

Овој проект треба да придонесе за унапредување на ревизијата во Македонија. Фокусот на проектот е подобрување на довербата на финансиската заедница во финансиските извештаи на претпријатијата кај кои ревизија вршат овластени ревиозори во Република Македонија. Ефективниот режим за надворешна контрола на квалитетот ќе ги увери и корисниците на финансиските извештаи и другите заинтересирани страни дека стандардот на работата на овластените ревизори и друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци ќе ги задоволи барањата од основните принципи за надв орешната контрола на квалитетот, како што е утврдено со член 12 од Законот за ревизија и со подзаконските акти на ИОРРМ, имајќи ги предвид меѓународните основни мерила.

Главната цел на проектот е да воспостави методологија и алатки за имплементација на системот на проверка на квалитетот на ревизорските услуги.

На 10 септември 2009 година, во соработка со францускиот конзорциум, ќе се одржи работилница. Целта на работилницата е заеднички да се разгледаат и објаснат сите прашања и дилеми поврзани со пополнување на прашалниците Извештај за годишни активности за ревизија и Прашалник за прелиминирани податоци.
Работилницата ке се одржи во Стопанска комора на 5-ти кат, од 10 до 13 часот.

Овие документи се превод на двата додатока на “Прирачникот за контрола на квалитет за мали и средни практики" на IFAC (International Federation of Accountants). Горните документи може да Ви послужат во развивањето на вашите интерни процедури за системот за контрола на квалитет.
Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) на 14 септември 2010 година одржа работилница на тема "Алатка за конзистентна организација на ревизорско досие".

Материјали од работилницата: