Покана за КПУ настан – 03 јуни 2024 година (4 КПУ часа).

10-05-2024

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2024 година. Настанот ќе се одржи на 03 јуни 2024 година (понеделник), како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6 и он-лајн присуство (преку стриминг - Webex).

Програмата за КПУ настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 4 (четири) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.

КПУ настан – 03 јуни 2024 година (понеделник), од 10 до 14 часот, 4 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 1.500,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 30 мај 2024 година, преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот (доколку сте одбрале опција за он-лајн следење на настанот).

Информации за следни КПУ настани

Воедно Ве информираме дека во наредниот период се планираат следните КПУ настани, за кои што дополнително ќе добиете покана со програма:

·         27 мај 2024 година (6 КПУ часа, хибриден настан) – Едукативен центар М6- Скопје и он-лајн присуство (преку стриминг - Webex);

·          17 и 18 јуни 2024 година (8 КПУ часа по ден, со физичко присуство)  – 360 Рагуза, Скопје.

За други настани освен горе наведените, навремено ќе Ве информираме.
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ