Покана за регионална конференција за ревизија на ИОРРСМ, ЗВРСМ и АИВР 20 мај 2025 година - хотел Рогнер, Тирана, Албанија

07-04-2025

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ), Здружението на внатрешни ревизори на РСМ (IIA Macedonia) и Албанискиот Институт на внатерешни ревизори (IIA Albania) организираат заедничка регионална конференција за ревизија со наслов –The Power of Cooperation, што ќе се одржи на 20 мај 2025 година, во хотел Рогнер, Тирана, Албанија. Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, односно со физичко и он-лајн присуство. За присуство на конференцијата ќе се признаваат 8 КПУ часа за овластените ревизори и внатрешните ревизори.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк https://auditconferencetirana.aiam.org.mk/ и на нашата веб страница https://iorrm.org.mk/kpu. Информациите на веб страницата на ИОРРСМ ќе бидат редовно ажурирани за повеќе информации.

Надоместокот за учество е 7.500,00 денари по учесник.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 12 мај 2025 година. Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:

·              Пријава за 20 мај 2025 година 

НАПОМЕНА: Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добивате натамошни информации во врска со организацијата на конференцијата.

Информации за сместување:

За сместување во Тирана, за Ваша информација, начелно ги посочуваме следните хотели кои што се во близина на хотел Рогнер каде што ќе се одржи конференцијата.

 
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ