Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2025 година
14-04-2025
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2025 година.
Ве молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавање за одредени теми од Годишната програма за КПУ за 2025 година, најдоцна до 09 мај 2025 година, да доставите предлог со куса програма, времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk. Датумите за одржување на предавањата ќе бидат дополнително утврдени во договор со предавачите.
Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.
Со почит,
ИОРРСМ