Меморандум за соработка помеѓу ИОРРСМ и Институтот на овластени јавни сметководители на Албанија (IEKA)
21-05-2025
На 19 мај 2025 година, Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) потпиша Меморандум за соработка со Институтот на овластени јавни сметководители на Албанија (IEKA). Договорот предвидува соработка во неколку области:
- Спроведување на акциските планови за подобрување на усогласеноста со стандардите на IFAC.
- Обука за членовите на двете организации.
- Спроведување на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
- Други прашања од заеднички интерес.
Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на ИОРРСМ, Ненад Тортевски и Претседателот на IEKA, Берти Пашко.
