Покана за КПУ настани - 17 и 18 јуни 2025 година, Рагуза 360°, Скопје
Промени во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC
03-06-2025
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настаните ќе се одржат на 17 и 18 јуни 2025 година (вторник и среда), со физичко присуство во Рагуза 360°, Скопје.
За учество на настаните ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови по ден, односно 16 (шеснаест) КПУ часови за двата дена за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.
Целта на овие предавања е осврт на промените во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC, од објавените во 2010 година (издание 2009) и објавени во Службен весник на РСМ бр. 273/24 (издание 2022). Предавачи на настанот се: Александра Кузмановска, директор во одделот за ревизија, Друштво за ревизорски услуги Прајсвотерхаускуперс Ревизија ДОО Скопје и Благица Шорева, постар менаџер во одделот за ревизија, Друштво за ревизија КПМГ Ревизија ДОО Скопје.
КПУ настан – 17 и 18 јуни 2025 година (вторник и среда), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа по ден. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари по ден за едно лице, односно 6.000,00 денари за двата дена за едно лице.
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 13 јуни 2025 година (петок), преку пристапување на следниот линк.
Пријава за учество на 17 и 18 јуни 2025
НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства.