Покана за КПУ настан – 06 ноември 2025 година
            
                 15-10-2025
                         
            
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година (четврток), со физичко присуство во Рагуза 360°, Скопје.
Програмата за настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 7 (седум) КПУ часови. Дополнително, за сите овластени ревизори кои ќе присуствуваат на седницата на собранието ќе се признава 1 (еден) КПУ час.
КПУ настан – 6 ноември 2025 година (четврток), од 09 до 17 часот, 7 КПУ часа + 1 КПУ час за собрание. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари за едно лице.
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 03 ноември 2025 година (понеделник), преку пристапување на следниот линк.
НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства.