Покана за КПУ настан – 26 ноември 2025 година

12-11-2025

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2025 година. Настанот ќе се одржи на 26 ноември 2025 година (среда), со физичко присуство во Рагуза 360°, Скопје.

Програмата за настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови.

КПУ настан – 26 ноември 2025 година (среда), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 24 ноември 2025 година (понеделник), преку пристапување на следниот линк.

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства.