Покана за повторени КПУ настани – 09-26 декември 2025 година

04-12-2025

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРСМ во делот Он-лајн предавања, може електронски да ги проследите предавањата кои што ИОРРСМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2025 година, а кои што ќе се признаваат  како КПУ часови за 2025 година.

Членовите на ИОРРСМ може да се пријават за следење на овие настани, само доколку не  биле во можност да ги проследат во текот на 2025 година, односно следните настани:

  • КПУ настан што се одржа на 17 јуни 2025 година –8  КПУ часа, надоместок 3.000 денари.

Промени во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC 1 дел,(се состои од 2 видео снимки). Програма

  • КПУ настан што се одржа на 18 јуни 2025 година - 8 КПУ часа, надоместок 3.000 денари

Промени во Меѓународните стандарди за ревизија и други релевантни објави на IFAC 2 дел,(се состои од 2 видео снимки) Програма

  • КПУ настан што се одржа на 7 октомври 2025 година –  6 КПУ часа, надоместок 3.000 денари

Измама и форензика во пракса, (се состои од 1 видео снимка). Програма

  • КПУ настан што се одржа на 6 ноември 2025 година – 7 часа КПУ, надоместок 3.000 денари.

-          Улогата и надлежностите на УФР во системот за СПП/ФТ, како и состојбата и ранливоста на секторот ревизија и, Резултати од извршените контроли во циклусот на контроли на квалитет 2023/2024 година и 2024/2025 година, (се состои од 2 видео снимки) Програма

  • КПУ настан што се одржа на 26 ноември 2025 година – 8 КПУ часа, надоместок 3.000 денари

Имплементација на МСФИ 17 и практични примери(се состои од 4 видео снимки). Програма

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите во периодот од 9 до 26 декември 2025 година. Сите материјали за настаните се поставени на веб страна во делот за членови  во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за следење на претходно спроведени КПУ  настани  е 22 декември 2025 година, со пријавување на следниов линк – Пријава.

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство, треба да испратите Барање за следење на настанот/настаните преку пристапување во делот On-line предавања на веб страната на ИОРРСМ, а следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 и 072/ 268-068 или на martina.galovska@iorrm.org.mk .

Напомена. За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.