Покана за годишно Е-КПУ – 12-26 декември 2025 година
04-12-2025
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) ќе спроведе годишно електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2025 година. Настанот за КПУ е во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2025 година.
Предавањето ќе биде отворено во период од 12 до 26 декември 2025 година во делот онлајн предавања и се состои од 3 видеа, а се вклучени следните теми:
1. МСУК 1 и МСУК 2 - Благица Шорева, овластен ревизор;
2. МСАП 2400, МСАП 2410, МСАУ 3000 и МСАУ 4400 - Александра Кузмановска, овластен ревизор и
3. Резултати од извршените контроли во циклусот на контроли на квалитет 2023/2024 година и 2024/2025 година - Игор Митевски и Ненад Ранѓеловиќ, овластени ревизори, членови на Комисија за контрола на квалитет.
Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 22 декември 2025 година, со пријавување на следниов линк – Пријава. Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое се признаваат 8 часа КПУ за 2025 година, изнесува 8.000,00 денари по лице.
Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 и 072/ 268-068 или на martina.galovska@iorrm.org.mk.