Меморандум за соработка помеѓу ИОРРСМ и Институтот на овластени јавни сметководители на Грција (SOEL)

05-03-2026

На март 2026 година, Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) потпиша Меморандум за соработка со Институтот на овластени јавни сметководители на Грција (SOEL). Договорот предвидува соработка во неколку области:

  • Спроведување на акциските планови за подобрување на усогласеноста со стандардите на IFAC.
  • Обука за членовите на двете организации.
  • Спроведување на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
  • Други прашања од заеднички интерес.

Меморандумот за соработка го потпишаа заменик - претседателот на ИОРРСМ, Јане Иванов и Претседателот на SOEL, Apostolos Polyzos.