Известување за донесени Циркуларни писма (насоки и препораки при подготвување на извештајот на независниот ревизор)

16-03-2026

Почитувани,

Ве известуваме дека Управниот одбор на ИОРРСМ, на седницата одржана на 12 март 2026 година, ги донесе следните Циркуларните писма:

  • Циркуларно писмо број 1 (ревидирано во март 2026) - Законски барања за содржината на извештајот на овластениот ревизор вклучително давање мислење за конзистентност на годишниот извештај на работење со годишната сметка и ревидираните финансиски извештаи согласно Закон за ревизија. (Повеќе)
  • Циркуларно писмо број 2 (ревидирано во март 2026) - Унифицирање на повикувањето на рамката за финансиско известување во извештајот на овластениот ревизор при вршење на законски ревизии. (Повеќе)
  • Циркуларно писмо број 8 - Ротација на овластените ревизори согласно барањата на целокупната регулатива во државата (Закон за ревизија, Закон за банки, Закон за супервизија во осугурувањето итн..), како и барањата на Меѓународниот кодекс за етика на професионалните сметководители. (Повеќе)
  • Циркуларно писмо број 9 - Повикување на Меѓународните стандарди за ревизија во параграфот за Основата за мислење. (Повеќе)

Воедно ве известуваме дека Циркуларно писмо бр. 3 во врска со тоа како да се одрази врз ревизорското мислење ситуација кога клиентот нема подготвено годишен извештај за работа е ставено вон употреба, но проблематиката е опфатена со Циркуларното писмо бр. 1 (ревидирано во март 2026).