Member of IFAC Logo

Покана за годишна меѓународна конференција за ревизија на ИОРРСМ И ЗВРСМ - 15 и 16 септември 2026 година - хотел Метропол Охрид

28-07-2026

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) и Здружението на внатрешни ревизори на РСМ (ЗВРСМ) организираат заедничка годишна меѓународна конференција за ревизија со наслов – Ехото на одлуките (The echoes of decisions), што ќе се одржи на 15 и 16 септември 2026 година, во хотел Метропол, Охрид. За присуство на конференцијата ќе се признаваат 12 КПУ часа за овластените ревизори и внатрешните ревизори.

Во прилог испраќаме Брошура со програма. Повеќе информации ќе објавуваме на официјалната веб страница на конференцијата auditconferenceohrid.aiam.org.mk .
Надоместокот за учество е 9.000,00 денари по учесник за двата дена. Учеството се пријавува исклучиво за двата дена.
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 10 септември 2026 година. Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:
 
НАПОМЕНА: Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добивате натамошни информации во врска со организацијата на конференцијата.
 
Дополнителни информации за сместување во Хотел Метропол/Белви Охрид:
Резервацијата за сместување треба да ја направите најдоцна до 01 септември 2026 година, на е-пошта sales@metropol-ohrid.com.mk , тел. +389 (0) 46 203 001. При тоа треба да нагласите дека резервацијата е за учество на конференцијата.
Од страна на организаторот обезбедени се следните цени за сместување:
Еднокреветна соба
Полн пансион - 5.900 денари
Двокреветна соба
Полн пансион - 8.610 денари
 
Трокреветна соба
Полн пансион - 11.620 денари
 
Ве известуваме дека капацитетот во хотел Метропол/Белви е ограничен.
Доколку не сте сместени во хотел Метропол/Белви, за ручек во хотелот се плаќа 980,00 денари, како повластена цена за учесници на конференцијата.