Методологија за организација и спроведување на проверка на контрола на квалитет - ажурирање на обрасци
13-10-2026
Почитувани,
Ве известуваме дека во рамки на Методологија за организација и спроведување на проверка на контрола на квалитет, ажурирани се следните обрасци заради усогласување со измените на меѓународните стандарди за ревизија и другите релевантни стандарди:
- Проверка на контрола на квалитет – Прашалник за внатрешниот систем на контрола на квалитет (СКК)
- Проверка на контрола на квалитет – Прашалник за поединечен ревизорски ангажман и образец Работи за понатамошно разгледување за наоди и препораки.
На веб страницата на ИОРРСМ, во делот за Најава на членови, мени Контрола на квалитет, ќе бидат поставени ажурираните обрасци.
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ