Покана за Работилница „Ревизија во пракса“, која ќе се одржи на 14, 15 и 16 декември 2026 година, на Економски факултет, Скопје
12-11-2026
Покана за Работилница на тема – Ревизија во пракса
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) согласно Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2026 година, организира работилница на тема Ревизија во пракса каде што преку обработка на студија на случај ќе бидат вклучени следните области:
- Утврдување на материјалност и избор на соодветно и аргументирано мерило.
- Следење на трансакции и разбирање на процеси, контроли и ИТ ризици.
- Идентификување ризици од материјално погрешно прикажување, значајни ризици и ризици од измама на ниво на тврдење.
- Дизајнирање тестови на контроли и суштински постапки што директно одговараат на проценетиот ризик.
- Преиспитување на сметководствени проценки, претпоставки и контрадикторни ревизорски докази.
- Оценување на утврдени и проектирани погрешни прикажувања, континуитет и последователни настани.
- Одлука дали ревизорското мислење треба да биде немодифицирано или модифицирано.
Работилницата ќе се одржи на 14, 15 и 16 декември 2026 година во просториите на Економски факултет Скопје (на 14 и 15 декември од 12 до 17 часот, а на 16 декември од 11 до 17 часот). Пријавените учесници ќе бидат дополнително известени за деталната програма по денови, како и информации за просторијата.
Програма за работилницата.
Надоместокот за присуство на работилницата изнесува 9.000,00 денари по учесник.
Цел на работилницата. Спроведување на обука за практична примена на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) која што ќе им помогне на ревизорите во мали и средни друштва за ревизија и кај овластени ревизори - трговци поединци за:
- Поврзување на ризик со ревизорски одговор;
- Најдобри практики за квалитетни работни документи;
- Посигурно професионално расудување;
- Квалитетно мислење засновано на соодветни докази.
Целна група на слушатели. Искусни членови на ревизорски тимови кои водат теренска работа, ги насочуваат тимовите и прегледуваат клучни ревизорски области. Групите ќе бидат за најмногу 20 лица.
Предавач. Благица Шорева, овластен ревизор, FCCA.
КПУ часови. На овластени ревизори кои ќе присуствуваат на работилницата ќе им бидат признаени 16 часа КПУ за 2026 година.
Рокот за пријавување на присуство е 4 декември 2026 година (петок), на следниот линк.
Напомена. Работилницата ќе се одржи само доколку има доволен број на пријавени слушатели.