Member of IFAC Logo

Покана за пријавување за годишно електронско следење на Е-КПУ настан за 2026 (8 КПУ часови) од 10-25 декември 2026 година

26-11-2026

Почитувани,
 
Ве известуваме дека преку новиот модул Online предавања кој е достапен на www.portal.iorrm.mk, Институтот на овластени ревизори на РСМ ќе спроведе годишно електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2026 година. Настанот за КПУ е во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2026 година.
 
Е-КПУ настан за 2026 година
Надоместок за е-кпу настанот: 8.000 денари
Период за следење: 10.12.2026 - 25.12.2026 краен рок за барања: 23.12.2026
Теми на Е-КПУ настан за 2026 година:
8 КПУ часа
 
- Промени во циркуларни писма
·Циркуларно писмо број 1 (ревидирано во март 2026) - Законски барања за содржината на извештајот на овластениот ревизор, вклучително давање мислење за конзистентност на годишниот извештај на работење со годишната сметка и ревидираните финансиски извештаи согласно Закон за ревизија.
·Циркуларно писмо број 2 (ревидирано во март 2026) - Унифицирање на повикувањето на рамката за финансиско известување во извештајот на овластениот ревизор при вршење на законски ревизии.
·Циркуларно писмо број 8 - Ротација на овластените ревизори согласно барањата на целокупната регулатива во државата (Закон за ревизија, Закон за банки, Закон за супервизија во осигурувањето итн.), како и барањата на Меѓународниот кодекс за етика на професионалните сметководители.
·Циркуларно писмо број 9 - Повикување на Меѓународните стандарди за ревизија во параграфот за Основата за мислење.
- МСФИ за МСЕ
- МСФИ 9, Финансиски инструменти
 
Инструкции како да започнете
Без дополнителна регистрација и лозинка. Само со еднократен код (ОТП).
1. Најавете се на порталот
Пристапете до portal.iorrm.mk и внесете ја емаил адресата евидентирана во Институтот (емаил адресата на која ја добивте оваа покана) и побарајте код за најава. Потоа внесете го кодот што ќе пристигне на емаил адресата и најавете се.
2. Изберете Online предавања
Откако ќе се најавите отворете го делот „Online предавања“. Во делот „Изберете период“ кликнете на „Годишно електронско следење на Е-КПУ настан за 2026“, а потоа означете ги обуките што сакате да ги следите.
3. Поднесете барање
Проверете ги избраните обуки, пополнете ги побараните податоци и поднесете го барањето преку порталот. По обработка на барањето Институтот ќе Ви испрати одговор на Вашата емаил адреса.
4. Започнете со следење
Откако ќе добиете одговор од Институтот, повторно отворете „Online предавања“ и пристапете до предавањето. Следете ги насоките и периодот за достапност прикажани во порталот.
Напомена: По одобрувањето на барањето, потребно е избраниот КПУ настан да го проследите во целост во предвидениот период за следење (10-25.12.2026 година).
 
            Со почит,

            Институт на овластени ревизори на РСМ