Меморандум за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Државниот завод за ревизија (ДЗР)

29-07-2020

На 29 јули 2020 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Меморандумот има за цел унапредување на соработката во вршењето на законските надлежност, како и размена на податоци и искуства помеѓу двете институции. Градење на партнерски односи на Државниот завод за ревизија и Институтот на начин кој ќе овозможи подобро и поквалитетно информирање на граѓаните за теми кои се од особен јавен интерес. Со Меморандумот е изразена подготвеноста за соработка во делот на обезбедување континуирана размена на податоци и информации во рамките на своите законски надлежности, давање стручна помош од аспект на методологијата и примената на стандардите по кои работата ревизорите (ИНТОСАИ и Меѓународните стандарди за ревизија- МСР), соработка во областа на сметководството и ревизијата, како и размена на стручна литература, прирачници и друг вид на материјали потребни за процесот на вршење на ревизијата. Соработката предвидува организирање на заеднички обуки за подобрување и усовршување на ревизорските капацитети на двете институции и активности поврзани во делот на запознавање на специфичностите на работите кои ги извршуваат државните ревизори и овластените ревизори.

Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на ИОРРМ, г-дин Драган Димитров и главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски.