Меморандум за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Институтот на дипломирани експерти –сметководители (ИДЕС) од Бугарија

04-12-2019

На 02 декември 2019 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Институтот на дипломирани експерти –сметководители (ИДЕС) од Бугарија . Договорот предвидува соработка во неколку области:

  • Спроведување на акциските планови за подобрување на усогласеноста со стандардите на IFAC.
  • КПУ обука за членовите на двете организации.
  • Спроведување на испит за стекнување звање ревизор.
  • Спроведување на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
  • Други прашања од заеднички интерес.