Меморандум за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Економски факултет – Штип

05-03-2019

На 27 февруари 2019 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и Економски факултет – Штип при Државниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа договор за академска соработка. Договорот има за цел страните да соработуваат за соработка на полето на обуката, продлабочување на знаењата и размена на искуства за истражувања и развојни процеси од заеднички интерес. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на ИОРРМ, г-дин Драган Димитров и Ректор на Државен Универзитет Гоце Делчев Штип, Проф. д-р Блажо Боев.