Меморандум за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Економски факултет – Скопје
05-03-2019
На 08 февруари 2019 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и Економски факултет – Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа договор за академска соработка. Договорот има за цел страните да соработуваат за соработка на полето на обуката, продлабочување на знаењата и размена на искуства за истражувања и развојни процеси од заеднички интерес. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на ИОРРМ, г-дин Драган Димитров и Деканот на Економски факултет - Скопје, Проф. д-р Љубомир Дракулевски.