Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Универзитетот Американ колеџ Скопје потпишаа договор за академска соработка
22-11-2016
Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Универзитетот Американ колеџ Скопје потпишаа договор за академска соработка. Договорот има за цел страните да соработуваат за создавање на можност за формирање на испитен центар на “Association of Chartered Certified Accountants” (ACCA) во Македонијa како и соработка на полето на обуката, продлабочување на знаењата и разменување на искуства за истражувањата и развојните процеси од заеднички интерес.