Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Здружението на овластени сметководители и ревизори на Косово (SCAAK)
26-08-2016
На 17 август 2016 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Здружението на овластени сметководители и ревизори на Косово (SCAAK). Договорот предвидува соработка во неколку области:
- Спроведување на акциските планови за подобрување на усогласеноста со стандардите на IFAC.
- Обука за членовите на двете организации.
- Спроведување на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
- Други прашања од заеднички интерес.