Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) потпиша Договор за партнерство со француски конзорциум
25-05-2010
На 25 мај 2010 година, Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) потпиша Договор за партнерство со францускиот конзорциум составен од Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes - CNCC и Consel Superieur de l'Ordre Des Experts Comptables – CSOEC. Договорот за партнерство предвидува соработка во три области:
- Официјална поддршка од страна на Францускиот конзорциум во барањето на ИОРРМ за членство во МФС (IFAC).
- Продолжување на соработката во спроведување на системот за контрола на квалитет кој беше воспоставен во 2009 година.
- Пренесување и размена на искуства во текот на развојот на акцискиот план како што е предложен до МФС.