Договор за соработка помеѓу Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и и Комората на проценувачи на Република Северна Македонија (КПРСМ)

05-08-2020

На 16 јули 2020 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и Комората на проценувачи на Република Северна Македонија (КПРСМ) потпишаа Меморандум за соработка, со цел подигнување на повисоко ниво на професијата овластен ревизор и проценувач, промовирање на стручноста и знаењето на членовите, и обезбедување повисока достапност на професионална и практична обука за ревизија и проценување.

Договорот предвидува соработка во неколку области:

  • Остварување соработка и партнерство, сојузи и заеднички настапи со: Здруженија, Универзитети, Национални и други академии, Бизнис-заедницата, јавни и приватни Институти и центри и со други домашни и странски субјекти, за унапредување на професиите овластен ревизор и проценувач;
  • Организирање и реализирање на активности од взаемен интерес и цели;
  • Организирање на други форми и видови на подигање на општото, стручното образовно ниво и поттикнување конструктивен натпревар меѓу различните идеи и пристапи;
  • Подигнување на повисоко ниво на професиите овластен ревизор и проценувач;
  • Поврзување на теоријата со пракса за ревизија и проценување;
  • Промовирање на двете професии во јавни медиуми, социјални мрежи, пред професионални организации и  регулаторните тела во Република Северна Македонија

Меморандумот го потпишаа претседателот на ИОРРМ, Драган Димитров и претседателот на КПРСМ, Антонио Георгиев.