Покана за КПУ настани - 29 ноември и 02 декември 2021 година
19-11-2021
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2021 година. Настанот ќе се одржи на 29 ноември и 02 декември 2021 година (два недделиви дена) од 10 до 14 часот за кој ќе се признаваат 8 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот на 29 ноември и 02 декември 2021 година е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Програма за 29 ноември и 02 декември 2021 година.
Настанот ќе се одржи преку платформата Zoom. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 25 ноември 2021 година, а уплатата да се направи најдоцна до 26 ноември 2021 година.
Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:
Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете линк за следење на настанот.
Со почит,
Драган Димитров
Претседател на ИОРРМ