Повик за пријавување на интерес за подготвувачи на испитни прашања за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор (за предметите Финансиско сметководство и Корпоративно управување и етика)
13-09-2022
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува оглас за пријавување на интерес за подготвувачи на испитни прашања за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
Подготвувачи на испитни прашања се очекува да подготват испитни прашања за следните делови на испитот за стекнување звање овластен ревизор:
- Финансиско сметководство
- Корпоративно управување и етика
Од кандидатите за подготвувачи на испитни прашања треба да ги поседува следните квалификации:
- Завршено високо образование во областа на економските науки.
- Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
- Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).
Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 23 септември 2022 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРСМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.
Драган Димитров
Претседател на ИОРРСМ